Почина познатиот актер Жарко Лаушевиќ

- Хроника
190

Познатиот актер Жарко Лаушевиќ (63) почина денеска по кратко и тешко боледување, соопшти неговата сопруга Анита Лаушевиќ.

Жарко Лаушевиќ е роден на 19 јануари 1960 година во Цетиње, а дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Тој беше еден од најпознатите југословенски и српски актери од втората половина на 1980-тите.

Популарноста во Југославија ја стекна со улогата на криминалец во телевизиската серија „Сиви дом“ (1986) во режија на Дарко Бајиќ, како и во филмовите „Шмекер“ (1986), „Се случи на денешен ден“ (1987) , „Битката на Косово“ (1989), „Кажи зошто ме остави“ (1993) и „Подобро oд бегство“ (1993).

Неодамна беше емитувана и серијата направена по неговите книги и по неговата животна приказна,  насловена како,,Пад“.

Лаушевиќ напиша серијал книги со поднаслов ,,Дневник на една робија.“ Серијалот е составен од книгите ,,Годината поминува, денот никогаш“ (2011), ,,Втора книга“(2013), ,,Се’ поминува, па и доживотна“ (2018), ,,Падре, идиоте“ (2022). Сите овие книги беа продадени во огромни тиражи.

 

Facebook Коментари