Тимот на ЈП Водовод и канализација ја чисти канализацијата на атмосферски води кај градското шеталиште

- Локални
394

Во изминатите неколку денови,  тимовите на ЈП Водовод и канализација  интервенираа во чистење на канализацијата на атмосферските води во градското шеталиште.

-Станува збор за испуштање на цевките што ја испуштаат атмосферската вода на Црн Дрим и одговоривме на повиците на граѓаните каде имаше оштетување на мрежата.-стои во соопштението од претпријатието.

Од таму додаваат дека оваа активност ќе продолжи и во наредните денови со цел да се реализира овој проект започнат на иницијатива на новоименуваниот директор Др. Дашмир Насуфи, за да се заштитат граѓаните од можни поплави.

 

Facebook Коментари