Еурофарм Пелистер загуби со еден гол разлика во Данска

- Спорт
385

Екипата на Еурофарм Пелистер загуби гостувањето во Данска кај ГОГ Гудме , Битолчани се враќаат со минален пораз од од 29:30.

Првото полувреме донесе израмнета игра, кој и да дојдеше до водство противникот веднаш враќаше, па на одмор отидоа со нерешени 14:14  откако Танкоски реализираше на две секунди пред крај на првото полувреме.

Исто се одвиваше и второто полувреме. Во 48-та минута Еурофарм Пелистер имаше предност од два гола (23:21) но данската екипа успеа да се врати во игра.

На крај, екипата на ГОГ Гудме имаше повеќе среќа и славеше минимално со еден гол разлика.

Strugaonline

Facebook Коментари