Ученички од ООУ ,,Јосип Броз Тито“ повторно на тронот на македонскиот училишен ракомет

- Локални
394

Ракометарките од ООУ ,,Јосип Броз Тито“ се победнички на Државното првенство  во ракомет за девојки од основните училишта во Македонија, што вчера се одржа во спортската сала на ООУ ,,Добре Јованоски”- Прилеп .

-Финалето го изиграа екипите на ООУ ,,Јосип Броз Тито” од Струга и ООУ ,,Климент Охридски” од Делчево (18 – 15). Ученичките од нашиот град од ООУ ,,Јосип Броз Тито” по трет пат ја освоија титулата и докажаа дека гордо го носат епитетот најдобри ракометарки од градот од кој произлегоа многу успешни генерации на спортисти наназад-информираат од ООУ ,,Јосип Броз Тито“

Ракометарките беа предводени од наставниците Владимир Паноски и Кирил Ноневски.

Strugaonlinr

Facebook Коментари