Ученици од ОУ „Ашим Агуши“ од Радолишта освоија второ место на онлајн натпревар по кодирање со микро:бит

- Локални
675

Основното училиште „Ристо Ристески“ од с. Долно Косоврасти победи на онлајн натпреварот по кодирање со уредот „Микро:бит“. Натпреварот го организираше Британскиот совет, како дел од програмата „Училишта на 21 век“.

Победничкиот проект на учениците Ермира Оручоска и Сеад Рустемоски, наречен „Правосмукалка Мирина в1.0“, бил изработен под менторство на наставникот Ристо Коларовски.

Второто место го освои училиштето „Ашим Агуши“ од с. Радолишта, Струга со проектот „ Класификација на отпадот со употреба на микробит “, а третото место му припадна на училиштето „Страшо Пинџур“ од Карбинци кое го изготви проектот „И смарт и спорт – паметна употреба на паметни уреди“.

Во последната фаза од процесот на селекција на овој натпревар се квалификувале 9 основни училишта од државата. Учениците и нивните ментори имале задача да изготват проекти кои ќе понудат решенија за некои секојдневни проблеми од нивното опкружување.

За да бидат успешни, покрај вештините за кодирање, училишните тимовите ги користеле и нивните вештини за решавање проблеми и критичко размислување.

На учениците и наставниците  им се обратила и Министерка за образование и наука, Мила Царовска.

„Досега 65% од училиштата се опремени со микро:бит уреди и ако успееме микро:бит уредот да се воспостави како задолжителна настава за сите, во самиот курикулум, и да го користат сите училишта во различни предмети, согласно реформата која што се подготвува за концепцијата во основното образование, тогаш како држава ќе може да се пофалиме дека веројатно во наредните 10 години ќе имаме многу повеќе дигитално писмено население “, нагласила таа.

Извор и фото: radiomof.mk

Facebook Коментари