Квалификации за ЕП 2022- Македонија вечерва игра против Финска

- Спорт
416

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва со почеток во 20:00 часот во салата „Борис Трајковски“  ги започнува квалификациите за Европското првенство 2022 година кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Првиот противник на нашиот тим во групата 7 е селекцијата на Финска, а Македонија е фаворит во овој натпревар.

Што се однесува до целокупниот спортски тим во нашата репрезентација, корона вирусот си го направи своето, па  селекторот Брестовац   остана без тројца соработници во стручниот штаб, Царчев, Матлиевски и Стојановиќ кои се позитивни на коронавирусот, и уште без тројца ракометари, Марио Танковски, Мартин Велковски и Мартин Поповски и поради тоа дополнително го повика ракометарот на Вардар,  Гоце Георгиевски.

По вечерашниот натпревар со Финска, ракометарите за три дена ќе играат на гостински терен  против Швајцарија.

Facebook Коментари