Уметницата Лида Шерафатманд убавините на Струга ги претстави во Холандија

- Локални
510

Уметницата Лида Шерафатманд со своја изложба на светот му ги претставува убавините на Струга.

Викендов во Музејот на цветната уметност во Холандија (Flower Art Museum) беше отворена нејзината изложба ,,Земјата на чудатa.”

На изложбата беа презентирани  шеесет дела, а меѓу нив и пет на кои се насликани цвеќиња од струшко.  Тие пет дела струшката публика имаше можност да ги види во Музејот ,,Д-р Никола Незлобински “ на 2-ри март.

Изложбата во Холандија  беше отворена во присуство на македонската амбасадорка Бети Јачева, амбасадорoт на Малта, градоначалникот на Аалсмаер и околу сто гости кои беа поканети со една единствена порака: уметноста е безгранична и ги зближува луѓето!

Лида Шерафатманд е меѓународен уметник,  во изминатите три години слика и живее во Струга.

Strugaonline

фото: Лида Шерафатманд ФБ

Facebook Коментари