Банкрот блуз бенд ја промовираат ,,Починка“ во блузерски стил, во чест на великанот Блаже Конески

- Музика
497


После триесет години, легендарните – Банкрот блуз бенд ( Сашо Гигов – Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски – Харе) се обединија повторно, за да му оддадат почит на големиот Блаже Конески.
Направија обработка на неговата песна – Починка, во нивен блузерски стил.
Аранжманот го направи Игор Атанасоски – Харе, а продукцијата е на Мите Димовски – Тралала студио.
,,Да ја прославиме 100 годишнината од раѓањето на великанот Конески со убава македонска песна!“ – вели Харе.

Песната  прв пат е изведена на Скопски фестивал 1976 од Зденка Ковачичек Музика: Љупчо Константинов Текст: Блаже Конески.

Strugaonline

Facebook Коментари