Извештај на ИЈЗ: Бројот нови случаи намален за 27,4% споредено со минатата недела

- Македонија
292

Во периодот од 7-ми до 13-ти март тестирани се вкупно 15.264 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 12% во однос на минатата недела.

 Според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрирани сe 1.818 нови позитивни случаи од 30 градови во државата, со намалување од 27,4% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 7,8% до 13,8%, просечно 11,6%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 2.400 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 267 реинфекции, со намалување од 28,2% во однос на претходната недела. Пријавени се 34 смртни случаи во 13 градови во текот на изминатата недела, за 33,3% помалку во однос на претходната недела.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 165 лица (23,6% помалку во споредба со претходна недела), од нив 98 се на кислородна поддршка.
Кај 32 пациенти е откриен сојот омикрон, а кај 58 омикрон стелт, покажало последното секвенционирање на лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ.

Опфатот со две дози на вакцина против COVID-19 кај населението над 18 годишна возраст е 51,1%, односно 47,2% кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 41,2%.Бројот на аплицирани дози измината недела изнесува вкупно 3.637, од тоа 303 се први дози, 556 како втора доза и 2.778 аплицирани како трета доза.

Facebook Коментари