Уште едно лице во Струга со решение за изолација

- Локални
943

Во Струга, евидентирано е едно ново лице со решение за изолација и извршени се 90 контроли на евидентираните лица со решение за изолација (Охрид-49, Струга-7, Кичево-5, Дебар-29), информираат од СВР Охрид.

Истовремено, евидентирани се две нови лица во самоизолација (Дебар-1 и Струга-1) и спроведени се 326 контроли врз лицата во самоизолација (Охрид-52, Струга-109, Кичево-10 и Дебар-155). Полициските службеници извршија 40 контроли на угостителски објекти, додаваат од Секторот.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари