Почина пациентка од Лабуништа, 25 нови случаи на коронавирус во Македонија, два од нив во Струга

- Македонија
1438

Ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години заболена од коронавирус. Пациентката имала претходни заболувања – коморбидитети: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на пациенти со Коронавирус, информираше на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче. Два од новите потврдени случаи се во Струга.

Вкупната бројка на заболени во Македонија достигна 354 од кои 9 лица се од Струга, а 3 од Охрид.

Министерот информираше дека  женаta која почина во Струга во неделата, а на која посмртно и беше земен брис , била позитивна на корона вирусот.

Филипче ја информираше јавноста да е завршен  увидот од Државниот санитарен здравствен инспекторат во охридската Општа болница. Ќе бидат изречени казни за поранешната директорка, доктори специјалисти од одделението за Инфектологија, а ќе биде изречена казна и за самата институција.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари