Успешно реализиран проектот „ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА ЗА СВЕТЛА ИДНИНА”

- Локални
236

Со реализација на едукативни работилници во дел од основните училишта во Охрид заврши проектот „ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА ЗА СВЕТЛА ИДНИНА”, кој се реализира на иницијатива на Здружението на граѓани „Нова Порта”, а со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање. Претходно во рамките на активностите се реализираа и еко акции за чистење на крајбрежјето, подводно чистење на езерото како и мапирање на еколошки исчистените плажи.Целта на овој проект е  градење на еколошки свесна младина. Од Здружението на граѓани „Нова порта” велат дека  преку вакви акции за чистење на најкритичните места вдолж брегот на Охридското Езеро се подигнува еколошката свест кај јавноста.

„Како наставен кадар се трудиме од најмала возраст да ги едуцираме децата за грижа кон животната средина. Со вакви работилници и еко акции, учениците учат правилно да го одлагаат отпадот, а од друга страна се влијае на подигнување на свеста за здрава животна средина”, вели Билјана Иваноска наставник во ООУ „Григор Прличев” Охрид.Младите испратија силни еколошки пораки за зачувување на најстарото и највредното природно езеро во земјава и Европа.

„На отпадот местото му е во корпа”, „Не фрлај ѓубре во Езерото”, „Да ја чуваме животната средина”, се дел од пораките кои учениците ги испратија преку видео спотот

Во рамките на проектот, кој има за цел подигнување на еколошката свест, изработен е и преку кој младите испратија силни и јасни пораки за здрава и чиста животна средина.„Младите, помогнати од граѓаните кои се приклучуваа на акциите, собираа најразличен отпад. На повеќе локации се собираше отпадот  а беше спроведека и креативна акција „Езерото не е корпа за отпад” за која беа изработени транспаренти со еколошки пораки за заштита на Охридското езеро. Исчистените плажи се обележаа со еко-знамиња како еколошко-чисти плажи. Целта пред сѐ е подобрување на состојбата на животната средина и подигнување на свеста за зголемена заштита на Охридското езеро и крајбрежјето”, велат од здружението „Нова порта”.

Оттаму додаваат дека проектот од друга страна придонесе да се остави чиста слика пред бројните туристи кои престојуваат во Охрид и Струга.

StrugaOnline

Facebook Коментари