Утре работилница за изработка на ѕвездите за Бадниковата поворка Струга

- Локални
313

Утре во црковната трпезарија при Соборниот храм Свети Ѓорѓи во Струга ќе се одржи работилница за изработка на ѕвездичките што ќе ги носат дечињата учесници во Бадниковата поворка.

Работилницата ќе започне во 10:30 часот.

Кој ја пропушти првата проба нека дојде да добие хартија и да го научиме да си изработи Божиќна ѕвезда. Да пееме и да се радуваме, порачуваат од Бадникови поворки Струга.

Минатата година околу 600 дечиња низ струшките улици го најавија раѓањето на Богомладенецот, ечеше градот со песничката „Вечниот Бог“.

– Ги замолуваме сите дечиња што сакаат да учествуваат во поворката да доаѓаат и на пробите за да бидат сите синхронизирани во пеењето на песничката. Раѓањето Христово е еден од најголемите христијански празници и е од суштинско значење бидејќи ако не се родеше Христос немаше ни преку кого да ни дојде спасението. Затоа децата се баш тие ангели предвесници и важно е да го слават Рождештвото, затоа впрочем се организира поворката. Повелете дечиња сите сте поканети да одиме да пееме, да се радуваме, исто и возрасните, зошто во секое срце се вувствува радоста Христова. Благослов е да се учествува во овој голем настан. Се гледаме во недела во 10:30 часот. – вели за Strugaonline Лидија Николовска од „Бадникови поворки Струга“.

StrugaOnline

Facebook Коментари