Новогодишната забава за дочек на 2025 година на плоштадот во Охрид ќе започне во 19:00 часот

- Забава, Локални
282

Новогодишната забава на 31-ви декември за свечениот дочек на новата 2025 година на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе започне во 19:00 часот со музички-перформанс на DJ Gec.

Од 20:00 часот охриѓани и гостите ќе ги забавува охридската група Take 5, а од 21:00 часот сцената е резервирана за миленикот на младата публика Пајак.

Од 22:15 минути за веселата атмосфера ќе се погрижи македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, додека пак од 23:30 настапува македонската поп дива Каролина Гочева. Новогoдишната забава ќе продолжи и по полноќ со DJ Face.

StrugaOnline

Facebook Коментари