Денеска Струга е домаќин на второто издание на Зимскиот Младински Шаховски Фестивал „Езерска Кралица 2024“

- Локални, Спорт
103

Младинската Шаховска Школа СТРУГА во соработка со Шаховската Школа Ласкер од Охрид го организираа второто издание на Зимскиот Младински Шаховски Фестивал „Езерска Кралица 2024“.

Турнирот ќе се одржи денеска со почеток во 10:00 час во хотелот Дрим во Струга. На турнирот свое учество планирано е да земат деца од Струга и Охрид, но се очекуваат деца и од другите градови од Македонија. Ова е втора година по ред како се организира овој настан.

Турнирот е дел од традиционалниот турнир Езерска Кралица кој оваа година слави 5 годишен јубилеј.

Турнирот е поделен во 4-ри категорни групи и тоа: – Деца на возраст до 08 год – Деца на возраст до 10 год – Деца на возраст до 12 год – Деца на возраст до 14 год.

Ќе се игра Швајцарски систем од 6 кола со темпо на игра 10+5. Планирано е момчињата и девојчињата да играат во исти групи, но наградите за освоени места да се даваат пооделно.

-Ги покануваме сите младинци од Македонија претставници на Шаховските клубови да земат учество на овој настан, а вооедно ги покануваме сите љубители на шаховската игра да го посетат настанот. Со овој турнир практично ги завршуваме турнирите на Езерска Кралица за оваа година. – велат од организаторите.

StrugaOnline

Facebook Коментари