Утре во Струга Д-р Климент Матоски ќе ја промовира својата студија ,,Мое животно дело“

- Локални
297

Утре со почеток во 18:00 часот во Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга Д-р Климент Матоски, педијатар во пензија, ќе го презентира својот ,,Проект Струга 83.“

,, Станува збор за лонгитудинална, проспективна, мултифакториелна научна студија за растот, развојот и општата здравствена состојба на децата од Струга и струшко од раѓање до адолесценција и потоа, за период од триесет години.“-вели Д-р Матоски.

Овој проект стартуваше во јануари 1983 година, а оваа година одбележува 40 години јубилеј.

,,Ќе бидам почестен и многу среќен со Ваше присуство, за презентацијата – ,,Мое животно дело“- додава Матоски.

Strugaonline

Facebook Коментари