Вечерва во Струга отварање на изложбата ,,Премин“ од Никола Пијанманов

- Локални
247

Вечерва со почеток во 19:00 часот во фоајето при  Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе биде отворена изложбата ,,Премин“ на Никола Пијанманов.

Пијанманов е роден 1981 година во Струмица.   Завршил Средно Уметничко Училиште „Лазар Личеноски“( 1996 -2000 ) Скопје, факултет за Ликовни Уметности Св. Кирил и Методиј (2000-2005) Скопје.  Дипломирал во класата на професорот Рубенс Корубин во 2005 год.

Досега има реализирани четринаесет самостојни изложби.

Facebook Коментари