Во недела во Струга одбележување на 160 годишнината од смртта на македонските преродбеници Димитрија и Константин Миладиновци

- Локални
123

Во холот на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, на 2-ри октомври 2022година, со почеток во 18:00 часот, ќе се одбележи 160 годишнината од смртта на македонските преродбеници Димитрија и Константин Миладиновци.

На настанот ќе се промовира монографијата на Ристе Миладин – Јубилејна монографија 1968-2008-2018 50 ГОДИНИ ТЕАТАРСКА ДЕЈНОСТ,
10 ГОДИНИ ДРАМСКО СТУДИО „МИЛАДИН“, и збирката песни на Христијан Миладинов – „Под месечината“.
Промотори на монографијата се проф. д-р Иван Додовски, проф. д-р отец Стефан Санџакоски и Димитрие Дурацоски.
Промотор на збирката песни ќе биде проф. Билјана Мартиноска.
Промоцијата ќе биде проследена со културно забавна програма, и коктел за присутните.
Влез слободен.

Facebook Коментари