Владата го донесе Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029 г.)

- Локални
551

На четвртата редовна седница на Владата донесен е Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029 г.), со акционен план, со кој се обезбедува имплементација на сите препораки на УНЕСКО.

Во Планот се прецизираат забранетите активности во соодветните заштитни зони и се утврдија идните специфични планови и истражувања што се неопходни за обезбедување на одржливиот развој на подрачјето на доброто.

„Со предложените мерки ќе се зајакне институционалниот капацитет за одржливо управување на заштитетното светското природно и културно наследство во Охридскиот регион.“ – велат од Владата на РСМ.

Strugaonline

Facebook Коментари