ВМРО-ДПМНЕ со честитка до стружани за 75-годишнината од ослободувањето

- Локални
81

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Струга, на сите граѓани им гo честита големиот христијански празник Свети Димитрија – Митровден и 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Струга од фашистичкиот окупатор.

„На овој ден се поклонуваме пред нашите славни херои, за нивната безрезервна љубов кон татковината и неизмерната  храброст, со која го ослободија нашиот град од фашистите. Никогаш нема да ја заборавиме вашата визија и аманет за силна, стабилна и слободна Република Македонија! Нека е честит и вековит Денот на ослободувањето на Струга!“ – велат од  Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, ОК-Струга.

Strugaonline

фото: архива

 

 

Facebook Коментари