Во болница во Охрид почина жена од Босна и Херцеговина, уапсен е нејзиниот син

- Локални
3858

На 9-ти февруари 2024 година, во 10:00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека околу 01:00 часот, во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, со возило на Итната медицинска помош била донесена 78-годишна жена, во придружба на нејзиниот 44-годишен син, двајцата од Бугојно, Босна и Херцеговина.

– Според пријавеното, нејзиниот син ја напуштил болницата, а жената набрзо починала. Лицето е пронајдено на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид каде е лишено од слобода. Телото на починатата е дадено на обдукција. Во координација со јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари