Во болницата „Св. Еразмо“ извршена првата операција на ‘рбет со најновата генерација роботски микроскоп

- Локални
379

Во ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид, деновиве беше извршена првата операција на ‘рбет со најновата генерација роботски микроскоп, објави на својот Facebook профил д-р Митре Милошевски.

– На 15-ти март имавме чест да тренираме и да ја извршиме првата операција на ‘рбет со најновата генерација роботски микроскоп. Чувството беше неповторливо, да бидеме рамо до рамо со најголемите вертебролошки центри. Нашата болница „Св.Еразмо“ со над 120 вертебролошки, операции на нерви и операции на отворен мозок е рамо до рамо со Клиничкиот центар и заслужува да има ваква најсовремена апаратура, која дава огромна сигурност на операциите и значајно го скратува времето на операции. Нашите луѓе и ние како оператори го заслужуваме тоа, напиша д-р Милошевски.

Tој изрази надеж дека наскоро и болницата „Св.Еразмо“ ќе набави ваква апаратура со што би се вброиле во редот на најсовремените центри од ваков вид во Европа.

извор: ОхридПрес

фото: FB/Mitre Milosevski

Facebook Коментари