Во Македонија пристигнаа 20.000 дози вакцини Астра Зенека, донација од Грција

- Локални
758

Денеска во Македонија пристигна  20.000 дози вакцини Астра Зенека, донација од Грција.

-Оваа поддршка од грчката Влада, амбасадорот на Република Грција, Н.Е. Русос Кундурос и грчкиот народ се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност. За време на примопредавањето не поздрави и премиерот Зоран Заев кој во тој момент се врати од Брисел. Солидарноста меѓу пријателските земји во време на ковид пандемијата покажува колку е важно сите да бидеме сплотени во процесот на имунизација бидејќи тоа е единствениот начин да издвојуваме победа против вирусот Ковид 19.-напиша на својот Facebook профил министерот Филипче.

Strugaonline

Facebook Коментари