Во петок ќе се одржи 32-то издание на манифестацијата ,,Охридски староградски средби“

- Локални
494

На 18-ти септември пред платото на НУ Центар за култура Григор Прличев-Охрид ќе се одржи триесет и второто издание на манифестацијата ,,Охридски староградски средби“ 2020.

Ќе настапат – Градски хор-,,Вокс Лихнидос“ од Охрид, ЗГ Градски хор 2019-Штип, КУД ,,Никола Бадев“ од Кавадарци, Тамбурашки оркестар ,,Серенада“ од Тетово, ,,Распеани Гевгеличани“ од Гевгелија,  КУД ,,Илинден“ од Струга и ФА ,,Бисери“ од Охрид.

Организаторите информираат дека манифестацијата ќе се одржи согласно протоколите за организација на јавни настани објавени од Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија за заштита од корона вирусот.

Почетокот е закажан за во 19:00 часот.
Strugaonline

Facebook Коментари