Во петок во Охрид ќе биде одбележан 21-јуни, Денот на Охридското езеро

- Локални
58

Овој петок со свечена програма во Охрид ќе биде одбележан 21-ви јуни, Денот на Охридското езеро.

На градското пристаниште, кај споменикот „Фаќач на крст“ во 12: 00 часот ќе се обратат градоначалниците на Охрид, Струга и Поградец, Константин Георгиески, Рамиз Мерко и Едуард Капри. Според најавената агенда, потоа ќе следува  културно – уметничка програма, со настап на најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“, мултиетнички сплет на учениците од ОУ „Братство Единство“, изложба на подводни фотографии од нуркачкиот центар „Акватек“, како и презентација на нуркачка, опрема за спасување на вода и планини на охридскиот Црвен крст.

Општините Охрид, Струга и Поградец во 2000-та година потпишаа меморандум за разбирање и заштита на езерото и на 21-ви јуни секоја година го одбележуваат Денот на Охридското езеро.

Strugaonline

 

Facebook Коментари