Во петок во Струга панел дискусија на тема „ Предизвици на пазарот на труд во време на пандемија“

- Локални
548

Во организација на Центарот на заедницата на општина Струга, во петок (16-ти октомври) во хотел Дрим ќе се одржи панел дискусија на тема „ Предизвици на пазарот на труд во време на пандемија“

Дискусијата ќе се состои од три дела и тоа :Воведен говор и краток осврт на темата; Споделување на мислење од поканетите панелисти; Отворена дискусија со присутните.

,,Пандемијата доведе до најдлабока економска криза на нашата генерација не само во нашата земја туку насекаде во светот а со тоа и до зголемување на стапката на невработеност.  Дали за брзо очекуваме стабилизирање на пазарот на труд и на каков начин  им помага државата на компаниите и невработените во време на криза и како ЛЕСС Струга може да помогне или
делува за надминување на овие предизвици  се само дел од прашањата за кои ќе дискутираме со поканетите панелисти.“-информираат од Центарот на заедницата на Општина Струга.

Центарот на заедницата на општина Струга го реализира настанот во соработка со Младинскиот културен центар – Битола во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата” со поддршка на Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.

Strugaonline

Facebook Коментари