Во сабота во центарот на Струга ќе се засадат 300 цвеќиња

- Локални
2466

Во сабота со почеток во 10:30 часот, младите од Црвен Крст Струга во соработка со Општина Струга и ЈП Комунално Струга во центарот на градот ќе засадат 300 цвеќиња.
Активноста е дел од проектот кој го спроведува Црвениот крст од Струга „Промоција на хумани вредности“, а младите заедно со Општина Струга и ЈП Комунално со доаѓањето на пролетта ќе придонесат за поубав град.
„Општина Струга ги поддржува ваквите акции и секогаш се труди да им излезе во пресрет на сите граѓани, да го направи градот поубаво место за живеење, а младите да ја гледаат својата иднина и да ги инвестираат своите знаења и вештини во своето родно место.“ – велат од Општина Струга.

Strugaonline

фото: архива/Strugaonline

Facebook Коментари