Пријава за подметната експлозивна направа во ТВ Сител

- Македонија
817

На 29.03.2018 година околу 21,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека непознато лице се јавило во телевизија „Сител“ и кажало дека во студиото имало подметнато експлозивна направа. На местото на настанот се упатиле полициски службеници и екипи од Единицата за антитероризам, по што била извршена евакуација на вработените. По извршениот преглед и увид било констатирано дека се работи за лажно пријавување.

Извор: МВР

Фото: архива

Strugaonline

 

Facebook Коментари