Трето издание на филмскиот фестивал „Feelmotion“ во Охрид

- Локални
637

Од понеделник, 2-ри април па се до 6-ти април на Филмската академија во Охрид ќе се одржи третото издание на фестивалот Feelmotion.

Feelmotion е филмски фестивал и интернационална средба на филмаџии, кој е во организација на студентите на ФИОФА – Институт за филм, Филмска академија.

Официјалното отварање на фестивалот е во понеделник од 19:00 часот, со филмот Rooftop Story на Газменд Нела, додека просториите на академијата ќе останат отворени 24 часа за поканетите гости и за сите заинтересирани посетители од Македонија.

Влезот за сите посетители ќе биде бесплатен.

И годинава, освен студентски филмови, на програмата ќе биде и мастер клас на Bern Buder кој е член на Европската филмска академија, како и истакнатиот чешки продуцент Ivo Mathé. Посетителите и гостите ќе имаат можност да ја погледнат и изложбата Коста Дупчинов, а помеѓу проекциите ќе има организирани друштвени игри и филмски работилници.

На крајот на секој ден се организирани забави, на отварањето домаќините ќе ги забавуваат гостите со нивниот супер ФИОФА бенд кој е составен од студентите на ФИОФА, Mitrik [Room313] ќе има свој DJ сет на 3-ти април, а останатите денови се организирани забави во локалните култни охридски барови и дискотеки.

Извор: ОхридПрес

фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари