Во Струга се одбележува Светската недела на детето

- Локални
888

Во рамките на одбележувањето на Светската недела на детето, денеска дел од децата и  вработените од детската градинка во Струга,  ја посетија Општина Струга и остварија средба со градоначалникот Рамис Мерко.

Децата имаа подготвено шишиња со писма на кои  беа напишани правата на децата и истите им беа поделени на вработените на општинската администрација и градоначалникот Мерко.

Градоначалникот со задоволство ги прими шишињата на децата и заедно пееа песни. Градоначалникот на дечињата  им порача да бидат послушни и примерни и да градат убава иднина.

Strugaonline

Facebook Коментари