Времето денес нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС)
4 Берово, Лазарополе, Попова Шапка, 6 Kрушево, Mаврови Анови, 7 Крива Паланка, 8 Охрид, Битола, 9 Скопје-Петровец, Тетово, Претор, Прилеп, 10 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Кавадарци, 11 Штип, Виница, Гевгелија, 12 Струмица, 13 Демир Капија.
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)
2 Крушево, Попова Шапка, 1 Тетово, Лазарополе.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно со сончеви периоди. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

