За мојот југ тагувам, а потоа се создавам – промо-видео за Струшките вечери на поезијата 2019

- Локални
641

Промовирано видеото на овогодишното издание на Струшките вечери на поезијата, под наслов „За мојот југ тагувам, а потоа се создавам“.

Инспирирано од јагулата како мотив, но и од симболиката на копнежот по утоката и нејзиното циклично враќање, видеото се надоврзува кон копнежот на Константин Миладинов изразен во најпознатата песна Т`га за југ.

Видеото е во продукција на Зоотроп Студио, по сценарио на Јаков Попоски и креативните решенија на Огнен Танчески, којшто воедно е автор и на графичкиот дизајн и сценографиите на овогодишното издание на Струшките вечери на поезијата.

Музичката подлога на видеото е фрагмент од познатото дело на Сергеј Рахманинов, Прелудиум опус 23 број 5 во G мол. Ова дело, во изведба на истакнатиот македонски пијанист Дино Имери, ќе биде составен дел од пригодната музичка програма во рамки на Портретот на лауреатот што ќе се одржи на 24.08.2019 во катедралниот храм Св. Софија во Охрид.

Сценарио: Јаков Попоски

Видео продукција: ЗООТРОП студио

Креативно решение и графички дизајн: Огнен Танчески.

StrugaOnline

Facebook Коментари