Започна 10-то јубилејно издание на Вевчанското културно лето

- Локални
387

Под мотото „Вевчани за Блаже Конески“, во Вевчани започна 10.Вевчанско културно лето –„ВЕВКУЛ 2021“,во чии рамки беа одбележани 100 години од раѓањето на великанот на македонската книжевност, Блаже Конески.

Јубилејното издание беше отворено со изложба на фотографии( портрети )и факсимили од животот и делото на малкедонскиот поет,раскажувач,есеист,книжевен научник и лингвист, Конески,од новинарот и публицист Мишо Китаноски,со соработникот- фото-репортер Стојан Кукунешоски.

На настанот беа рецитирани стихови од Конески и за Конески, од страна на учениците:Андреј Ѓорејлиески ,Теона Пљушкоска, Катерина Русеска, Сергеј Димитриески и Георгина Србакоска,ученици од основното училиште “Страшо Пинџур“во Вечани, под менторство на професорката по македонски јазик во истото училиште Роза Китрозоска.

-На изложбата покрај портретите на Блаже Конески, беа претставени и факсимили со значајни моменти од животот и делото на Блаже Конески,од кои дел се непознати за македонската јавност, истакна Китаноски на самото отворање.

– Целта на Вевчанското културно лето е зачувување на македонското културно наследство-истакна Верица Мукоска која беше водител на на програмата и дел од организацискиот одбор.

Teкст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари