Започна имунизацијата во Струга, граѓаните ги почитуваат термините, се’ тече во најдобар ред

- Локални
321

Денеска во Струга започна имунизацијата против ковид 19 за лица постари од 77 години.

Од Здравствен дом-Струга за Strugaonline информираат дека вакцинацијата тече во најдобар ред, граѓаните ги почитуваат термините и од утрово до овој момент не се случило пријавен граѓанин за вакцинација да не се појави во закажаниот термин.

За вакцинирање се ангажирани два тима кои ќе работат само прва смена.

Струга доби 400 вакцини и по 40 термини дневно.

Стружани покажуваат интерес за вакцинација, пополнети термини има и за наредната недела.

Strugaonline

Facebook Коментари