Започна комплетното реновиранње на детската градинка ,,Планински цвет“ во Вевчани

- Локални
199

Започна комплетното реновиранње на детската градинка ,,Планински цвет“ во Вевчани.

Како што информира директорката Даниела Мурџеска, во рамки на проектот што се реализира во соработка со Југозападен плански регион, во градинката се врши целосна промена на внатрешната дограма, старите плочки се заменуваат со нови, се поставуваат гипс картони на местото на ламперијата и се инсталира нов систем за затоплување на објектот со енерегетски ефикасни топлотни пумпи.

,,Градежните активности што се одвиваат сега, а треба да завршат за три месеци, се резултат на два проекти кои ги подготвивме со буџет од градинката. Првиот проект со кој аплициравме во Југозападен плански регион е за затоплување на објектот со енерегетски ефикасни топлотни пумпи и чини два ипол милиони денари. Вториот проект опфаќа промена на внатрешната дограма,замена на плочки и поставување гипс картони на местото на ламперијата и чини 900.000 денари“-изјави Mурџеска за Strugaonline.

Таа додава дека градежните активности ќе се реализираат во летниот период, за се’ да биде подготвено за новата учебна година од септември.

Oд Градинка ,,Планински цвет“ планираат да реализира уште два проекти- поставување на фотовалтаични панели и партерно уредување.

Strugaonline

Facebook Коментари