На 22-ри јуни почнува најновото издание на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања 2024“

- Локални
235

Околу 30 уметници од Македонија, САД, Бугарија, Полска, Србија и Албанија ќе учествуваат на тринаесеттото издание на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања 2024“ што ќе се одржи од 22-ри јуни до 6-ти јули во Вевчани.

Организаторите најавуваат дека и годинава колонијата собира разнолика група талентирани уметници од целиот свет,  а свеченото отварање ќе се случи на 22-ри јуни во 20:3o часот во ресторанот ,,Виа Игнација“.

-Големото отворање претставува спој на музиката и останати визуелни уметности, со настап на дуо со стилски и естетски разновиден избор на дела за флејта и пиајно, како и изложба на најдобрите дела на македонските сликари од претходните колонии-информираат организаторите.

Покрај учеството на познати сликари, и оваа година колонијата реализира посебен настан: „Детска ликовна школа“, која ќе поттикне креативност и уметничко изразување помеѓу најмладите таленти.

-Во соработка со Шпаркасе Банка и оваа година во Вевчани ќе дојдат млади студенти и новодипломирани сликари, кои имаат уникатна можност да работат заедно со утврдени уметници и да стекнат непроценливо искуство-стои во соопштението.

Присуство на колонијата најавиле претставници на државни институции, уметници и членови на дипломатскиот кор.

Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ изминатите 13 години прерасна во значаен културен настан кој поттикнува креативност, соработка и културна размена.

Strugaonline

Facebook Коментари