Започна новата учебна година, среќни училишни денови на учениците
Денес на 1 септември 2026 година во Струга започна новата учебна година.

Родителите, бабите и дедовците им истурија вода на учениците за лесна учебна година и ги испратија најмилите на училиште, а училиштата ќе организираат свечени приеми на првачињата, со прикладна приредба и запознавање со наставниците и уличиштето.
Учебната година за сите ученици и од основното и од средното образование ќе трае до 10 јуни, освен за матурантите кои завршуваат на 17 мај.
Зимскиот одмор за учениците започнува на 31 декември, а завршува на 19 јануари. Летниот пак, започнува на 11 јуни, а завршува на 31 август.
-Негативниот тренд, поттикнува и реорганизација на училишната мрежа и работата на училиштата. Процес за кој се заложивме во изминатите неколку месеци е оптимизација на паралелките во постојните училишта – спојување на помалите паралелки една со друга или приклучување кон поголемите, а во интерес на учениците – да бидат во поголемо друштво, да можат подобро да се социјализираат и да се натпреваруваат. Затоа во образовниот систем ќе имаме 433 паралелки помалку годинава – 222 во основното образование и 211 во средното. Иако одредени политички субјекти се обидоа тоа да го претстават како страшен потег и крах на образованието, всушност е позитивна промена во интерес на учениците и ниту еден редовно вработен наставник не е отпуштен од работа, вели министерката за образование Весна Јаневска на својот фејсбук профил по повод стартот на новата учебна година.
StrugaOnline

