Лев банер Десен банер

Започна учебната година во ООУ „Јосип Броз Тито“, вкупно се запишаа 64 првачиња

Започна новата учебна 2026/2027 година во ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга.

Новиот почеток во ООУ „Јосип Броз Тито“ – Струга денес беше посебно свечен за првачињата кои го направија својот прв чекор во училишниот живот.

Во централното училиште своето прво училишно ѕвонче го слушнаа 43 првачиња, додека во подрачните училишта учебната година ја започнаа уште 21 прваче.

По повод нивниот прв училишен ден, директорката на училиштето, Тања Лазороска, им посака искрено добредојде и им упати порака исполнета со охрабрување и поддршка.

„Добредојдовте во нашето училиште! Денес започнува едно прекрасно и важно патување – вашето прво училишно патување“, порача директорката, посакувајќи им секој училишен ден да им биде исполнет со радост, дружење, нови знаења и убави моменти.

Во своето обраќање таа ги охрабри првачињата да бидат љубопитни, храбри и насмеани, да поставуваат прашања и секогаш да веруваат во себе.

Им посака новата учебна година да биде почеток на многу успеси, нови пријателства и незаборавни спомени. Денес беше особено убав ден за најмладите ученици, нивните родители и наставниците, со кој започнува едно ново и важно поглавје во нивното образование.

StrugaOnline

error: