Започна вакцинацијата против ковид 19 во Вевчани

- Локални
464

Денеска започна имунизацијата против ковид 19 во Вевчани.

Пред два дена во Вевчани пристигнаа 100 вакцини, а првите дваесет термини за денеска, беа пополнети многу брзо, факт кој говори дека заинтересираноста за вакцинација во Вевчани е голема.

,,Процесот на имунизација против ковид 19 во Вевчани започна. Да бидеме одговорни кон себе и кон нашите блиски. Единствен начин да се победи оваа пандемија е масовната вакцинација. Вакцините се безбедни и ефикасни, да ги почитуваме закажаните термини за апликација на вакцините.“ -апелираат од Здравствен Дом-Вевчани.

Strugaonline

Facebook Коментари