Здравствен дом Вевчани со сопствени средства го адаптира просторот за пациентите заразени од ковид 19

- Локални
154
Во пресрет на актуелната состојба со ковид – 19 вирусот, Здравствен дом Вевчани со сопствени средства го реновира и адаптира просторот во новата зграда во дневна болница.
-Целта е пациентите позитивни или сомнителни на ковид-19 во пристојни и безбедни услови бидат лекувани во рамките на можностите кои ги нудиме.-велат од таму.
Поставени се осум кревети со паравани, во функција е ставено парното греење во болничкиот простор, определен е медицински кадар кој го покрива лекувањето во овие услови 24/7.
-Со оглед на бројот на пациенти кои ги третираме бараме разбирање во интерес на сите, ќе се трудиме да на пациентите максимално во рамките на нашите можности им пружиме здравствена заштита. Да ги почитуваме мерките за заштита донесени од комисијата за заразни болести.-апелираат од Здравствен дом Вевчани.
Strugaonline

Facebook Коментари