Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван и во охридскиот регион

- Локални
408

Земјотрес во јужниот дел на Охридското езеро со епицентар 150 километри јужно од Скопје, во Република Албанија, регистрираше денеска Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република  Македонија.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Охрид и околината, а се случил во 02 часот и 41 минути, со локална Рихтерова магнитуда 3,6 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Facebook Коментари