МЗ: Кампања за имунизација на ризични групи против тешка форма на COVID-19, за два дена вакцинирани 1.500 лица

- Македонија
313

Во  рамки на широката кампања за имунизација за заштита на ризичното население од тешка форма на COVID -19, за два дена се вакцинирани над 1.500 лица (со прва и трета доза), информираат од министерството за здравство.

 – Преку СМС пораки ги повикуваме лицата од ризичната група над 65 години, како и помлади лица со коморбидитети, кои се уште не се заштитени со соодветна доза вакцина да се имунизираат, во точно определениот термин и пункт, закажани преку МојТермин.Кампањата се реализира во соработка со здравствените домови, матичните лекари и Управата за електронско здравство, кои даваат максимална поддршка на овој процес, соопштија од  министерството.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат закажаните термини и да се имунизираат, заради заштита на своето здравје и потсетуваат дека сите вакцини што се користат во моментот се сигурни и безбедни и штитат од тешки форми на вирусот.

Повеќе информации за медицинските состојби поврзани со повисок ризик за тешка форма на ковид на следниот линк: http://zdravstvo.gov.mk/shto-treba-da-znaete/

Facebook Коментари