1-ви декември е Меѓународен ден за борба против сида

- Македонија
89
1 декември е Светски ден за борба против сида.
,,Во време кога светот се соочува со една од најтешките пандемии во историјата на човештвото, денес се одбележува Меѓународниот ден против сидата.
Светскиот ден за свесност за ХИВ / СИДА се организира секоја година на 1 декември за да се подигне свеста за ХИВ / СИДА и да се демонстрира меѓународна солидарност во справувањето со оваа пандемија.  Бори се против болеста, а не против луѓето што ја имаат таа болест.,,- порачуваат од Општина Струга по повод денешниот ден.
Светскиот ден за борба против СИДА е осмислен и прифатен од 140 земји во светот на Светскиот Самит во Лондон 1988 година. Истата година, Светската здравствена организација ја согледа потребата за постоење на еден ваков ден и го прогласи 1-ви декември за Светски ден за борба против СИДА. Оттогаш, па се до денес овој ден се одбележува во скоро сите држави во светот.
Strugaonline

Facebook Коментари