Денеска се одбележува Светскиот ден на водата

- Македонија
366

Под слоганот „Вода за мир“ денес се одбележува Светскиот ден на водата во целиот свет, со фокус на критичната улога што водата ја игра во стабилноста и просперитетот на светот.

Светскиот Ден на ввдата се одбележува за да се подигне свеста за важноста на вода и залагањето за одржливо управување со водните ресурси.

Идејата за одбележување на Светскиот ден на водата потекнува од 1992, кога се одржала и Конференцијата за животна средина и развој во ОН. Токму тогаш од страна на Собранието на ОН, 22 март се одредува како Светски ден на водата, чие одбележување започнува од 1993.

 Светскиот ден на водата ја слави водата и има за цел да укаже на важноста на заштитата на водата и недостатокот на вода за пиење во многу делови од светот.

Strugaonline

Facebook Коментари