Ивана Тасев: Замолувам да нема неточни и непроверени информации за состојбата на Мирко Попов

- Македонија
482

Еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика, Мирко Попов, во вторникот беше хоспитализиран на една од скопските клиники. Неофицијално, причината за хоспитализацијата била обилно мозочно крварење.

Откако беше објавена веста за  здравствена состојба на Попов, на социјалните мрежи се појавија повеќе лажни објави дека музичарот починал.

Неговата советничка за односи со јавност, Ивана Тасев испрати молба до медиумите за објавување за точни и проверени информации.

„Во името на семејството на Мирко Попов, како и во мое име како негов советник за односи со јавноста, најљубезно ве замолувам да не преземате статуси, односно непроверени информации, од социјалните мрежи, каде овие два дена кружат лажни вести дека Мирко Попов починал.

Земете предвид дека Попов, пред сѐ, е родител на две деца и дека ги вознемируваме нив и неговото поблиско семејство. Во овие тешки моменти за нив, ве замолувам да бидеме луѓе и да се проверуваат овие информации кои поединци ги пишуваат на социјалните мрежи“, напиша Тасев во соопштението до медиумите.

Strugaonline

Facebook Коментари