Размена на книги од струшки и кинески автори и традиционална храна-започна чествувањето на јубилејната година на Библиотеката и Домот на култура во Струга

- Локални
495

Со размена на книжевни дела од роднокрајни автори од Струга и автори од НР Кина и дегустација на кинеска и струшкиа традиционалниа храна, денеска се одржа првиот , од неколкуте планирани настани за одбележување на јубилејната година-80 години Градска библиотека Струга и 65 години од основањето на струшкиот Дом на култура.

Кинескиот амбасадор, Г-дин Џанг Sуо изрази надеж  дека младите студенти и граѓани на Струга ќе можат да научат нешто повеќе за вистинската Кина.

Тој го истакна и интересот на кинеските студенти за изучување на македонскиот јазик.

,,Неодамна познатиот Универзитет за економија и право ,,Жонгнан“, започна курс по македонски јазик и култура, а се пријавија над 200 кинески студенти. Ова го покажува силниот интерес на кинеските студенти за македонската култура како и ценењето и почитта на Кина кон другите цивилизации. Да ги користиме книгите како мост за заеднички да цртаме прекрасна слика за взаемно учење меѓу цивилизациите.“- порача Sуо.

Директорката на Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“-Струга, Николина Велкоска Глигороска истакна дека со вакви соработки се гради и продлабочува хармонија на народите.

,,Нашата хармонија во различностите денеска ќе ја прославиме преку разменана пишаниот збор од нашите и кинеските роднокрајни автори, богатството на храната како и музичите точки. Тоа е повод за оваа иницијатива во иднина да се продлабочи и да допринесе кон културно збогатување на нашата заедница.“ –изјави Велкоска.

Јубилејот на Градската библиотека и Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се чествува во текот на целата 2024 година со низа изложби, музички настани, други книжевни настани и фолклорни концерти отсликувајќи го постоењето на овие две значајни институции низ годините.

Strugaonline

Facebook Коментари