Во главната рунда на СП Македонија ќе игра со Русија, Белорусија и Словенија

- Спорт
305

Со  победата над  селекцијата на Чиле со  резултат 32-29 машката репрезентација на Македонија обезбеди место во главната рунда на  Светското првенство  во Египет.

Во претстојната фаза,  Македонија, Шведска и Египет, ќе вкрстат со трите најдобри од групата Х – а тоа се Русија, Белорусија и Словенија. Нашата репрезентација нема да пренесе бодови и ќе биде на последното место во групата.

Распоред на играње ќе биде познат  утревечер, но датумите се познати – 20, 22 и 24 јануари.

Facebook Коментари