Денеска започнуваат божиќните пости во чест на празникот Рожденство Христово, кои ќе траат до 6-ти јануари.
Според црковните правила во времето на постот се избегнуваат месото, путерот, млекото, јајцата, сирењето. Освен тоа, во понеделник, среда и петок во божиќниот пост не се јаде риба, вино и масло и дозволено е само примање на храна без масло. Во останатите денови – вторник, четврток, сабота и недела разрешена е храна со растително масло.
Македонската православна црква, за постот вели дека под пост, во поширока смисла на зборот, се подразбира севкупниот наш христијански живот и начин на постоење во Црквата, опфаќајќи ја тука и молитвата.
– Затоа, условно, постот можеме да го поделиме на телесен и духовен. Во потесна смисла под зборот пост најчесто го подразбираме телесниот пост, којшто е воздржување од некои јадења во деновите и временските периоди што Црквата ги одредила во текот на годината. Овие денови точно треба да се запазат и никој да не измислува, без благослов, повеќе или помалку од она што Црквата од Светиот Дух вдахновена го определила, велат од МПЦ.
Facebook Коментари