Филипче: Анализите ја потврдуваат ефикасноста на вакцините против ковид 19

- Македонија
694
-Ефикасноста на вакцините против Ковид 19, ја потврдуваат многу анализи. Вакцините штитат од тешка форма на болеста, од хоспитализации и смртен исход. Анализите на Министерството за здравство утврдија дека меѓу 79% и 81% од хоспитализираните пациенти со Ковид, се невакцинирани. – информира министерот Венко Филипче.
Истражувањето на Finance Think потврдува дека во последните три и пол месеци има 14.500 помалку заразени,  4.595 помалку неделни хоспитализации, вакцинацијата ја намалила хоспитализацијата помеѓу 37,9% и 46,5%, 2,8 милиони евра пониски трошоци за хоспитализација во последните 5 недели од делта бранот
-Вакцинацијата против Ковид 19 е важна и ќе помогне да запре пандемијата. Вакцините функционираат заедно со вашиот имунолошки систем, така што ќе бидете подготвени да се борите против вирусот доколку сте изложени на него. Ковид 19 може да има сериозни, опасни по живот компликации и не постои начин да се знае како вирусот ќе влијае на вас. #ВакцинирајСе!
Со вакцината се штитите себе си, пријателите, семејството и ги штитите другите околу вас.-напиша на својот FB  профил министерот за здравство Венко Филипче.

Facebook Коментари