Изборната кампања започнува на 24-ти јуни

- Македонија
553

Владата синоќа околу 23.00 часот ја донесе уредбата за предвремените парламентарни избори, согласно која изборната кампања започнува следната недела, односно на 24 јуни и ќе заврши на полноќ на 12 јули.

Лицата  кои се инфицирани со корона вирусот, а се на домашно лекување и седат во самоизолација, ќе гласаат на 13 јули, за што ќе бидат ангажирани здравствени работници.

-Во општините во кои гласаат овие лица, во зависност од нивниот број, Државната изборна комисија формира еден или повеќе посебни избирачки одбори составени од тројца здравствени работници кои го спроведуваат гласањето, при што политичките партии имаат право да именуваат член во посебниот избирачки одбор согласно член 38 ставовите 5 и 6 од Изборниот законик, велат од Владата.

Ден пред изборите, како и во претходните изборни циклуси, односно на 14 јули ќе гласаат болните и изнемоштените лица, а самиот изборен ден, кој веќе е утврден за 15 јули, (среда) ќе трае од 7 часот до 21.00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари